Дома Трансфер зона „Бомба“ во самиот финиш: Реал Мадрид го сака Стерлинг

„Бомба“ во самиот финиш: Реал Мадрид го сака Стерлинг

Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Манчестер Сити Рахим Стерлинг, пренесува „Скај Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот гигант внимателно го следи 23-годишниоит крилен напаѓач, но нема немара да испраќа понуда до Сити во последните денови од преодниот рок. „Кралевите“ ќе испратат скаути да го следат на мечот Англија – Шпанија кој ќе се игра на 8-ми септември.

Стерлинг има договор со Сити на уште две години, но последните преговори за продолжување на истиот не поминаа добро. За разлика од него Де Брујн, Фернандињо и Силва ги продолжија договорите, но Англичанецот не ги прифати фанансиската понуда која му ја дадоа „граѓаните“.

Реал внимателно ја следи ситуацијата и во наредните месеци е спремен да стапи во контакт со агентите на Стерлинг, бидејќи играчот следното лето ќе влезе во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…