Долгогодишниот дефанзивец на Баерн Минхен, Жером Боатенг ги советуваше Баварците кого треба да го доведат како замена за Роберт Левандовски.




Боатенг изјави дека не е изненаден од фактот што Левандовски сака да ја промени средината, а на Баерн му порача да го купи Хари Кејн.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Лично јас би се обидел веднаш да го купам Хари Кејн. Според мене тој е комплетен напаѓач, кој постигнува многу голови за Тотенхем, добар тим но не од светска класа. Ако игра во Баерн би бил уште подобар, мислам дека ќе биде идеална замена за Роберт“, изјави Ботанег.




„Што се однесува за Левандовски мислам дека за играч како него е нормално да сака да проба нешто ново. Не сум изненаден, но сметам дека двете страни треба да се договорат и да донесат одлука“, додаде дефанзивецот.