Битолски Еурофарм Пелистер за само еден час ја распродаде салата „Боро Чурлевски“ за осминафиналниот реванш од Лигата на Европа против Нексе.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Пелистерци“ беа поразени на гостувањето кај Нексе во Нашице со 29:26, а дома на 5-ти април во реваншот ќе се обидат да дојдат до пресврт и пласман во следната фаза.




Дека и Битола верува во пресврт на своите миленции покажува и информацијата која ја соопшти битолскиот клуб – билетите кои беа пуштени во продажба за овој натпревар се распродадени за само еден час.