Дома Фудбал Алисон блескаше, Ливерпул победи: Палас на дното, Саж под притисок

Алисон блескаше, Ливерпул победи: Палас на дното, Саж под притисок

Алисон блескаше, Ливерпул победи: Палас на дното, Саж под притисок

Три гола за враќање на победите, но и шест одбрани на Алисон Бекер кои имаа огромна тежина. Ливерпул славеше со 3-1 на гостувањето кај Кристал Палас и ја прекина серијата од два пораза во сите натпреварувања, оставајќи го домаќинот на последното место во Премиер лигата.

По неуспесите против Арсенал и Фенербахче, екипата на Андони Ираола дојде до неопходен резултат пред репрезентативната пауза. Победата го однесе Ливерпул на четвртата позиција, но конечниот резултат не ја раскажува целата приказна од „Селхурст парк“.

Палас имаше доволно можности за многу поинаков исход. Јереми Пино ја погоди пречката во 18. минута, а погодокот на Странд Ларсен во 32. беше поништен поради офсајд. Алисон потоа ги запре обидите на Даичи Камада и Адам Вортон, не дозволувајќи домашниот притисок да добие награда.

Наместо тоа, Ливерпул поведе во 40. минута. Алексис Мекалистер му избега на Квинтен Тимбер при слободниот удар на Доминик Собослаи и со глава ја затресе мрежата. За Аргентинецот тоа беше петти погодок сезонава, со што веќе го израмни својот учинок од целата претходна сезона.

Флоријан Вирц го направи следниот голем чекор кон победата. Во 54. минута, по брза контра и додавање од Бредли Баркола, германскиот репрезентативец погоди за 2-0. Тоа беше негов прв лигашки гол сезонава, по 12 натпревари без погодок во натпреварувањето.

Ниту таа предност не значеше дека Алисон може да здивне. Во 77. минута Бразилецот повторно беше клучен, со двојна интервенција против Пино и Џеферсон Лерма. Александер Исак во 89. минута го постигна третиот гол за гостите, со удар по кој топката се одби пред да заврши во мрежата.

Палас стигна само до утешен погодок со последниот удар на средбата. Еди Нкетија реализираше пенал во петтата минута од судиското продолжение, откако Милош Керкез направи прекршок врз Дарио Осорио.

За Пјер Саж, ова е четврти последователен првенствен пораз и нов удар врз неговата позиција. Голот на Нкетија барем спречи да ја повтори серијата на Франк де Бур од четири порази без постигнат гол, по која Холанѓанецот доби отказ. Сепак, неизвесноста околу иднината на актуелниот тренер останува.

Саж по натпреварот го насочи вниманието кон работата со играчите и потребата од поголема ефикасност. За довербата од раководството порача дека одговорот треба да се бара кај клупските челници. Џејми Карагер, пак, оцени дека Палас одиграл еден од своите подобри натпревари сезонава, но изрази очекување дека клубот ќе има нов тренер до следниот премиерлигашки настап.

На спротивната страна, Ираола ја истакна важноста на победата по доцното враќање од Турција. Призна дека неговиот тим имал дефанзивни проблеми во првото полувреме, но беше задоволен од начинот на кој потоа го привел натпреварот кон крај.

Фото: Sky Sports

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас повторно меѓу стартерите: Аталанта ја сопре серијата без победа

Ељиф Елмас одигра 75 минути во гостинскиот успех на Аталанта против Монца со 1-0. По четир…