
Крајот на мечот не значеше и крај на ударите. По боксерскиот дуел меѓу Умут Чамкиран и Мурад Алиев во Турција избувна масовна тепачка, а телевизиските камери продолжија да ги снимаат немилите сцени.
Во рингот влегоа голем број луѓе и набргу почнаа да летаат тупаници. Наместо просторот да се испразни по завршувањето на борбата, во него се најдоа повеќе од 50 лица, по што метежот прерасна во пресметка.
На снимката се гледа дека и боксерите биле вклучени во хаосот. Турканиците и ударите се пренесуваа од едниот до другиот крај на рингот, а присутните се тетеравеа кон јажињата додека ситуацијата излегуваше од контрола.
Обезбедувањето мораше да влезе во рингот и да ги разделува учесниците. Но, поради големиот број луѓе на толку мал простор, интервенцијата не донесе веднаш смирување. Беше потребно време за повторно да се воспостави ред.
Засега не е познато дали некој е повреден во тепачката. Снимката ги прикажува размерите на инцидентот што го одбележа завршувањето на боксерската приредба во Турција.
View this post on Instagram
Фото: Telegraf