Дома Фудбал Копиќ заврши во Полска: Единствената победа ја гледаше од трибините

Копиќ заврши во Полска: Единствената победа ја гледаше од трибините

Копиќ заврши во Полска: Единствената победа ја гледаше од трибините

Пет последователни порази го означија крајот на кратката епизода на Жељко Копиќ во Вјечиста Краков. Полскиот прволигаш ја прекина соработката со 49-годишниот хрватски тренер по саботниот неуспех против Горник Забже со 1:2.

Копиќ го презеде тимот на 26 август на местото на Казимјеж Москал, но за нешто повеќе од два месеца не успеа да донесе резултатски пресврт. Вјечиста по 14 првенствени кола е на последната позиција со осум бода.

Неговиот биланс опфаќа десет настапи во првенството и еден во Купот на Полска: осум порази, две нерешени средби и само една победа. Интересно, единствениот триумф, со 3:0 против Висла Плоцк, Копиќ го следеше од трибините поради суспензија. Покрај теренот тогаш екипата ја водеше неговиот помошник Флорентин Петре.

Клубот потврди дека со Копиќ заминуваат и Петре и аналитичарот Космин Бујор. Во објавата со која беше соопштена разделбата, Вјечиста им се заблагодари на членовите на стручниот штаб за работата и посветеноста и им посака успех во продолжението на кариерите.

Хрватскиот стратег зад себе има ангажмани во двата големи хрватски клуба. На клупата на Хајдук седна во ноември 2017 година и остана до септември 2018, а со сплитскиот тим стигна до финалето на Купот на Хрватска, каде што загуби од Динамо.

Подоцна работеше во кипарски Пафос, а во декември 2021 го презеде и Динамо Загреб. Неговиот престој на „Максимир“ траеше до април 2022 година. Во хрватскиот фудбал ги водеше и Загорец, Сегеста, Лучко, Цибалија, Загреб и Славен Белупо.

Фото: Index.hr

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Педраза му подари здив на Алегри, Лацио запрен во Неапол

Наполи освои бод против лидерот со автоголот на Педраза за 1-1. Лацио остана непоразен, а …