Дома Фудбал БИТКА ЗА ВРВОТ: Арсенал ќе се обиде да стане првиот тим што ќе одземе три бода од Енфилд оваа сезона

БИТКА ЗА ВРВОТ: Арсенал ќе се обиде да стане првиот тим што ќе одземе три бода од Енфилд оваа сезона

Битката за титулата во Премиер лигата тешко дека била поинтересна, неколку екипи се борат за врвот, а денешните ривали се во главните улоги.

Ливерпул беше прв до последното коло кога ремизираше со Јунајтед (0:0), што „Топчиите“ го искористија совладувајќи го Брајтон и сега се на врвот на табелата со исто толку бодови како Астон Вила, додека Црвените имаат бод помалку.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Домашните беа перфектни пред своите гледачи до мечот со Манчестер, шест победи во шест меча, но не успеаја да го пробијат бедемот на „Црвените ѓаволи“.

Сепак, Клоп брзо ги ресетира своите избраници, кои во средата доминираа со Вест Хем со 5:1 во четврт-финалето од Лига купот, за во добра атмосфера да го дочекаат вечерашното дерби.

Ретко кој тим игра толку добро на домашен терен како Ливерпул, кој на „Енфилд“ во Премиер лигата на последните 50 натпревари, има само еден пораз со 38 победи и 11 нерешени.

Ако има некој тим што може да ги „загрози“ „Црвените“ во овој момент, тоа е Арсенал кој игра одлично во последно време. Тој славеше на четири од изминатите пет првенствени натпревари, а покрај тоа го освои и првото место во својата група во Лигата на шампионите, па за првпат од 2017 година ќе игра во нокаут фазата од најелитното европско натпреварување.

По минатата година во која на самиот крај испаднаа од борбата за титулата, навивачите на гостите се надеваат дека ова е нивна сезона, а нивните миленици им даваат причина за тоа бидејќи го играат можеби најдобриот фудбал во Англија на моментот.

Покрај одличните настапи на домашен терен, „Топчиите“ се едни од најдобрите гостински екипи во Премиер лигата и собраа 16 бода на осум натпревари на гостувањета, а Артета дополнително ќе треба да ги „загрее“ своите избраници пред едно до најтешките гостувања во Англија, каде последен пат славеа во 2012 година.

Вечерва може да очекуваме вистински фудбалски празник бидејќи кога играат овие екипи не недостигаат драма и голови. Во последните пет меѓусебни дуели мала предност има Ливерпул кој двапати победи, двапати одиграа нерешено, додека Арсенал забележа еден триумф.

Во однос на отсуствата и двајцата менаџери имаат проблеми. Клоп е без Матип, Мек Алистер, Робертсон, Тиаго и Бајчетиќ, а под знак прашалник е Гравенберх.

На другата страна ќе ги нема Парти, Жоржињо, Тимбер, Томијасу и Виеира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …