Дома Трансфер зона „Билд“ тврди: Ѕвездата на Дортмунд се сели во Премиер лигата

„Билд“ тврди: Ѕвездата на Дортмунд се сели во Премиер лигата

Англиските гиганти Арсенал и Манчестер Јунајтед се силно зиантересирани за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, ексклузивно пренесува гермнаски „Билд“.

Весникот тврди дека челниците на двата премиерлигаши уште во зимскиот преоден рок ќе се обидат да го донесат 28-годишниот офанзивен играч за врска.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во моментов нема информации колкава сума на пари ќе понудат Арсенал и Јунајтед, но „Билд“ тврди дека двата гиганти ќе се бодат за потписот на германскиот репрезентативец. Во моментов Арсенал е далеку поконкретен, бидејќи Арсен Венгер во Ројс гледа фудбалер кој идеално би се фклопил во неговата филозофија и може да биде замена за Алексис Санчез.

Марко Ројс е надвот од терените поради повреда уште од мај оваа година, но тоа не ги спречува премиерлигашите да се борат за неговиот потпис, бидејќи неговиот талент и квалитет се неспорни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…