Реномираниот „Билд“ тврди дека Баерн Минхен договорил напаѓач од Бундеслигата.
Станува збор за 30 годишниот Сандро Вагнер од Хофенхајм. Хофенхајм бараше 20 милиони евра, Баерн нудеше 10, а според последните информации договор бил постигнат за 15 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вагнер кариерата ја започна токму во гигантот од Минхен. Го помина младинскиот погон на Баерн, но во првиот тим помина само една сезона (2007/2008) во кој собра само четири настапи.
Потоа тој настапуваше за Дуисбург, Вердер, Каизерслаутен, Херта, Дармштад, а од 2016 година е во Хофенхајм, клуб преку кој стигна и до германската репрезентација.
Оваа сезона постигна шест погодоци и запиша четири асистенции.