Дома Фудбал Англија Беше голема надеж, играше за Јунајтед, а сега носи само несреќа – каде и да игра клубот испаѓа!

Беше голема надеж, играше за Јунајтед, а сега носи само несреќа – каде и да игра клубот испаѓа!

Се сеќавате на браќата Рафаел и Фабио да Силва? Како тинејџери важеа за едни од најголемите таленти во светот и во 2008 година двајцата во пакет од Флуминенсе пристигнаа во Манчестер Јунајтед кај легендарниот Фергусон.

И додека Рафаел направи солидна кариера, неговиот брат близнак Фабио не се наигра во Јунајтед, па својот фудбалски леб го бараше по позајмици во послабите клубови од Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред пет години замина на позајмица во КПР, лондонскиот клуб таа сезона испадна од Премиер лигата, па Бразилецот се врати на „Олд Трафорд“, каде беше далеку од првиот тим и одигра само три натпревари.

Во 2013 година го раскина договорот со „црвените ѓаволи“ и потпиша за Кардиф, а велшкиот клуб истата сезона испадна во понизок ранг.

Минатото лето Фабио се пресели во Мидлзборо и нормално, овој клуб наредната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип бидејќи испадна од Премиер лигата.

Ќе биде интересно да се види каде несреќниот Фабио ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола признава: Тешко е без најдобриот

Вечерва Манчестер сити ќе се соочи со холандски Феенорд во рамките од 5. коло во Лигата на…