Дома Топ вести Берарди се сели во Премиер лигата

Берарди се сели во Премиер лигата

Лестер покажува сериозен интерес за ѕвездата на Сасуоло и италијански репрезентативец, Доменико Берарди.

Берарди одигра уште една одлична сезона, постигна 17 голови, а покажа добри партии и на Европското првенство. Негова желба беше да ја промени средината ова лето, меѓутоа заинтересираните клубови не беа спремни да платат 40 милиони евра, колку што бараше Сасуоло.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Лестер веќе стапил во контакт со неговиот агент, а Берарди дал зелено светло за трансфер во Премиер лигата.

Сасуоло не попушта и за неговата слобода бара 40 милиони евра, а „лисиците“ наскоро ќе ја испратат првата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…