Дефанзивецот на Јувентус, Мехди Бенатија јавно призна дека не е задоволен од својот статус во тимот.
Бенатиа оваа сезона после враќањето на Бонучи добива мала минутажа, па би можел да ја промени средината уште во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нормално е да не бидам среќен кога не играм. Не можам да влезам во форма бидејќи постојано сум на клупата. Минатата година имав континуитет, но сега работите се променија. Можеби ќе беше подобро ова лето да се преселев во тим каде што ќе играм редовно. Ќе видиме што ќе се случи во јануари“, изјави Бенатиа.
Силен интерес за 31-годишниот Мароканец покажува Милан кој е во потрага по дефанзивец после повредата на Калдара.