Едуардо Камавинга би можел на лето да го напушти Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Камавинга минатото лето пристигна во Реал Мадрид од Рен за 30 милиои евра и во својата прва сезона покажа дека е еден од најголемите таленти во светот.
Меѓутоа, оваа сезона не добива голема минутажа и не може да се избори со конкуренцијата.
Реал на лето сака да го доведе Белингам, па поради тоа е спремен да го „жртвува“ Французинот.
Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, како и Милан и Борусија Дортмунд.
„Кралевите“ за неговата слобода бараат 60 милиони евра и опција да можат да го вратат во иднина.