Легендата за англискиот и светскиот фудбал Дејвид Бекам доби дозвола да основа нов тим во МЛС.
Бекам ќе биде сопственик на тимот од Мајами во 2020 година, а овој тим ќе стане 25. во американската МЛС лига.
Бекс има големи планови со овој тим. Тој планира да донесе големи имиња, а тренерот на неговиот тим го гледа во италијанскиот експерт Карло Анчелоти со кого накратко соработуваше во ПСЖ во 2013 година.
Коментари