Дома Трансфер зона Барселона ја постави цената за Ракитиќ

Барселона ја постави цената за Ракитиќ

Екипата на Барселона ја постави откупната цена за Иван Ракитиќ.

Хрватскиот фудбалер скоро сигурно ќе ги напушти редовите на тимот од Камп Ноу во летниот преоден рок, а според некои информации од Шпанија, кариерата ќе ја продолжи во Севиља.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барселона е подготвена да го продаде искусниот играч. За неговите услуги бара 20 милиони евра и таа сума не би требало да претставува проблем за тимот од Андалузија.

Ракитиќ покрај Севиља се поврзува и со Манчестер Јунајтед, но поверојатно е дека сепак ќе остане во Шпанија.

Овој 32-годишен фудбалер во Барселона пристигна токму од Севиља во 2014 година, а на Камп Ноу освои се што можеше да се освои.

Ракитиќ за каталонскиот великан одигра вкупно 299 натпревари и постигна 35 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Седлоски ги избра фудбалерите со кои ќе ја нападне Данска (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20.45 часот го игра полуфиналниот бараж п…