Дома Топ вести Барселона спрема тужба за УЕФА, ќе бара оштета од 100 милиони евра?

Барселона спрема тужба за УЕФА, ќе бара оштета од 100 милиони евра?

УЕФА неодамна соопшти дека отвори истрага за „случајот Негреира“ и се најавува можно исфрлање на Барселона од Европа, меѓутоа од Каталонија се спремни да го возвратат ударот и да ја тужат европската куќа на фудбалот.

Барселона наводно е спремна да ја тужи УЕФА за 100 милиони евра ако во Нион се изрече санкција против клуб со забрана за настап во Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Барселона се убдени дека нема ништо спорно, без оглед на обвинението преку екс-претседателот на судиската комисија Хозе Марија Енрикез Негреира за исплата од 8.5 милиони евра во период 2001 до 2018 година.

Клубот тврди дека тие пари се исплаќани за консултантски услуги кон фирмата на Негреира за информации за арбитрите во Шпанија. Сепа, обвинителството отвори случај повикувајќи се на изјави на поранешни претседатели на Барселона како Сандро Росел и Хозе Марија Бартомеу кој го остави клубот во долг од над една милијарда евра.

Во најавата за тужба се наведува дека Барселона ќе бара 100 милиони евра оштета како компезација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…