Дома Трансфер зона Барселона сака да го раскине договорот со Депај

Барселона сака да го раскине договорот со Депај

Раководството на Барселона веќе преговара со адвокатите на холандскиот репрезентативец Мемфис Депај за раскинување на неговиот договор, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, меѓутоа Чави не е симпатизер на неговата игра и му порачал да си бара нов клуб.

Притоа, клубот има финансиски проблеми, па сака да се ослободи од платата на Холанѓанецот, па поради тоа е е спремен да го раскине договорот.

Според информациите, Депај ќе прифати предвремен раскин на договорот со Барселона само доколку најде соодветна опција за продолжување на кариерата. 

Неколку клубови од Премиер лигата и Јувентус покажуваат интерес за Депај, но се уште нема конкретни понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…