Eкипата на Барселона вчера беше поразена од Севиља со 2:0 во првото полуфинале од Кралскиот куп.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Така каталонскиот клуб дојде на раб од елиминација од ова натпреварување и потребен им е голем пресврт во реваншот за да се пласираат во финалето.
Многу приговори Барселона имаше на судењето на Антонио Матеу Лахоз. Сметаат дека ги оштетил за пенал.
„Тука имаше пенал кој не беше досуден. Ќе го анализираме натпреварот, но пред нас се нови натпревари во само неколку дена. Ова е напорен распоред и тоа е многу лошо за играчите“, изјави Роналд Куман.
Денес Барселона објави и видео со кое сака да докаже дека била оштетена.