Најскапото засилување во историјата на Барселона, Филипе Кутињо се покажа како големо промашување, па ова лето беше испратен на позајмица во Баерн Минхен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Баварците за позајмицата на Бразилецот платија 20 милиони евра и имаат можност да го откупат за додатни 120 милиони евра, но тоа најверојатно нема да се случи.
27-годишниот Кутињо на лето ќе се врати во Барселона, но јасно е дека за него повеќе нема место на „Камп Ноу“, па каталонскиот клуб е спремен да ја намали цената.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона е спремна да го продаде Бразилецот доколку некој клуб понуди 80 милиони евра, а најсилен интерес за Кутињо покажуваат ПСЖ и Манчестер Јунајтед.