Дома Трансфер зона Барселона го пушта Кеси за да го доведе Невеш

Барселона го пушта Кеси за да го доведе Невеш

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе биде наследник на Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прв избор е португалскиот репрезентативец и член на Вулверхемптон, Рубен Невеш со кого преговорите се во напредна фаза.

Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти. Барселона е спремна да се ослободи од Франк Кеси за да го доведе Португалецот.

Кеси, кој ова лето пристигна од Милан, се покажа како големо промашување и најверојатно ќе замине после само шест месеци.

Со неговото заминување Барселона ќе отвори простор за доведување на Рубен Невеш, тврди каталонски „Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…