Дома Трансфер зона Барселона го претстави Видал: Среќен сум што сум дел од најдобриот клуб во светот

Барселона го претстави Видал: Среќен сум што сум дел од најдобриот клуб во светот

Aртуро Видал денес го комплетираше трансфер во редовите на Барселона.

Чилеанецот денес беше претставен како нов фудбалер на каталонскиот гигант со кој потпиша договор на три години, што значи се обврза со Барса до 2021 година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Видал утрово ги помина медицинските прегледи, а кога доби зелено светло од докторите можеше да се премине на официјалниот дел од потпишувањето на договорот.

„Среќен сум, се радувам што ќе започнам да тренирам со играчите и што ќе облечам дрес на важен и голем клуб“, изјави Видал.
Секако и Видал не помина без веќе добро позната, по малку и досадна реченица.

„Ова е сон. Го исполнив својот сон. Се надевам дека ќе постигнам многу голови и ќе освоиме многу титули, ќе дадам се од себе на теренот. Среќен сум што станувам дел од најдобриот клуб во светот“, заврши Чилеанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…