Во Барселона денес е ден за официјализација на новите за засилувања, па после Франк Кеси, Каталонците го официјализираа второто засилување.
Станува збор за данскиот дефанзивец Андреас Кристенсен, кој доаѓа како слободен играч од Челзи.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Веќе од поодамна е познато дека Кристенсен има договор со Барселона, па се очекуваше само официјализација.
Кристенсен потпиша договор на четири години, а во него има откупна клаузла од 500 милиони евра.
Signed! ✅ pic.twitter.com/AoP9JTjwC5
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2022