Каталонски „Спорт“ ексклузивно пренесува преговорите помеѓу Барселона и ПСЖ за трансфер на Нејмар започнале пред неколку денови.
Јасно е дека Каталонците нема да се согласат да платат 300 милиони евра за Нејмар, сумата која ја бара ПСЖ, но подготвени се да го пуштат Кутињо во Париз и да понудат плус 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако ПСЖ е заинтересиран во своите редови да го види Кутињо, сепак се верува дека нема да ја прифати оваа понуда.
„Спорт“ пишува дека од Барселона плус би можеле да го вклучат и Умтити со цел да ги убедат челниците на ПСЖ да ја прифатат понудата.
Се уште нема директен контакт помеѓу двата клуба туку преговорите ги водат медиатори, а вклучени се и клучните агенти Пини Захави и Киа Јорабчијан.