Дома Топ вести Барса спрема нов напад „тежок“ 120 милиони – на потег се „црвените“!

Барса спрема нов напад „тежок“ 120 милиони – на потег се „црвените“!

Раководството на Барселона воопшто не се откажало од идејата да го доведе Филипе Куртињо на „Камп Ноу“, тврдат каталонските медиуми.

Каталонскиот весник „Спорт“ денес излезе со насловна страна на која тврди дека Барселона смета нова офанзива на Кутињо. Имено, Каталонците се спремни во зимскиот преоден рок да понудат 120 милиони евра за ѕвездата на Ливерпул.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Не е тајна дека во текот на летото Бразилецот беше основната трансфер цел на Барселона, меѓутоа Ливерпул беше одлучен во намерата да го задржи фудбалерот на „Енфилд“.

Самиот Кутињо инсистираше да се пресели на „Камп Ноу“, а весникот тврди дека во јануари повторно ќе прави притисок врз раководството на „црвените“ да му дозволи да се пресели во Барселона.

Во Франција пак се појавија информации дека лично Нејмар инсистира да го донесе Кутињо во Пари Сент Жермен, но Бразилецот сака преселба само во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…