Дома Трансфер зона Барса не се откажува од Кутињо, но има и ТРИ алтернативи

Барса не се откажува од Кутињо, но има и ТРИ алтернативи

Раководството на Барселона има намера да ја засили офанзивната моќ на тимот во зимскиот преоден рок, пренесува каталонски „Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот Ернесто Валверде настојува да биде донесен уште еден креативен фудбалер со офанзивни карактеристики со цел да се зголеми конкуренцијата.

Весникот пренесува дека приоритет за Барселона и понатаму останува Филипе Кутињо од Ливерпул, меѓутоа Каталонците не се спремни да трошат „луди“ суми за Бразилецот.

Барселона во летниот преоден рок испрати неколку понуди, а последната изнесуваше 130 милиони евра. „Спорт“ пренесува дека клубот од „Камп Ноу“ нема намера да понуди повеќе од оваа сума.

Поради тоа веќе се разгледуваат и алтернативи за Бразилецот, а тоа се Леон Горетска од Шалке, Јулијан Брант од Лерверкузен и Томас Лемар од Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…