Дома Топ вести Барса може да го остави Меси да му истече договорот

Барса може да го остави Меси да му истече договорот

Постои варијанта Лионел Меси да потпише нов договор со Барселона откако ќе му истече актуелниот договор на 30-ти јуни, пренесуваат каталонските медиуми.

Преговорите околу новиот договор започнаа, но течат бавно, а можно е Меси да замина на Купа Америка, без претходно да ставил потпис на нов договор.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Копа Америка започнува на 11 јуни и ќе трае до 10 јули, што значи дека тогаш Меси ќе биде слободен агент.

Новиот договор се одолговлекува и поради фактот што Лапорта сака да види со какви финансии ќе располага ова лето и дали ќе си замине некој од фудбалерите со високи плати.

Меси преферира да остане во Барселона, но не се исклучува можноста да прифати некоја од понудите кои ќе пристигнат на негова адреса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…