Дома Фудбал Барди за слободните удари: Многу работа и верба во себе!

Барди за слободните удари: Многу работа и верба во себе!

Енис Барди е апсолутен хит оваа сезона во Примера, а Македонецот посебно воодушевува со пракрасните погодоци од слободни удари.

Во интервју за клупската телевизија на Леванте, нашиот репрзентативец ја откри „тајната“ за доброто изведување на слободни удари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Многу луѓе ме прашуваат за ова и јас постојано го велам истото. Премногу тренирав на удари од прекини, уште од најраните години, но мислам дека никогаш не бев толку добар како што сум сега. Мислам дека клучното е што е потребна многу напорна работа за да бидете успешни во ова, со голема желба во себе, секој може да биде толку добар, потребна е само работа“, истакна Барди.

Барди ова лето за само 1,5 милиони евра се пресели во Леванте, па после одличните партии на почетокот на сезоната тамошните медиуми го прогласија за трансфер на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…