Марио Балотели за италијанските медиумите во Франција откри за кои два клуба повеќе никогаш не би настапувал.
Интересно, Италијанецот ги „отпиша“ градските ривали Милан и Интер. Балотели во овој момент настапува за Ница, но наскоро би можел да го промени клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во ниту еден момент не размислував да преминам во Интер. Кога во прашање е Милан, нив не ги следам, не би сакал да се вратам таму. Јувентус? Нивниот менталитет ми се допаѓа. Всушност требаше да преминам во Јувентс пред да го облечам дресот на Милан.
Потоа Балотели зборуваше за тоа дали би сакал заигра за Рома или Наполи.
„Рома е добар тим, а за Наполи… Секако дека сакам! Имаат три кое функционира фантастично и мислам дека не би било потребно многу време за да се прилагодам. Им посакувам да го освојат Скудетото“, изјави Балотели.