Дома Фудбал Останато Балотели конечно го дочека повикот кој го чекаше со нетрпение

Балотели конечно го дочека повикот кој го чекаше со нетрпение

Поранешниот голем талент на светскиот фудбал, Марио Балотели повторно ќе добие повик во репрезентацијата на Италија, пренесува ова утро „Corriere dello Sport“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Популарниот Супер Марио игра многу добро оваа сезона во дресот на Ница и во досегашниот дел од Лига 1 постигна 13 гола, а тренерот на У21 репрезентацијата на Азурите, Луиџи ди Бјаџо ќе го повика за претстојните натпревари. Потсетуваме, Ди Бјаџо ќе ги води Азурите како привремен тренер во пријателските натпревари против Аргентина и Англија во март, а освен Балотели повик ќе добие и 40-годишниот Буфон, како и Киелини.

Балотели речиси четири години не доби повик во дресот на Италија, а своевремено беше една од главните надежи на Азурите. Вреди да се напомене дека Италија нема да игра на Светското првенство во Русија, откако што испадна во баражот од Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одржана е одлуката! Далиќ ја заврши својата приказна, веќе е познато името на новиот селектор на Хрватска!

Во неверојатен натпревар, Хрватска загуби со 2:1 против Португалија, што очигледно беше по…