УЕФА денес ја објави листата на стадиони кои се пријавија за организација на финалето во Лигата на шампионите, но и во Лигата на Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, како главни кандидати за финалето во ЛШ се издвоија Националниот стадион во Баку кој може да прими 70.000 гледачи и стадионот на Атлетико кој е со капацитет од 68.000 гледачи.
Новиот стадион на Атлетико конкурираше и за финалниот натпревар во Лигата на Европа, а тука конкуренција ќе му бидат „Рамон Санчез Пизхуан“ на кој своите натрпевари ги игра екипата на Севиља. Како трета опција во второто по важност натпреварување се споменува стадионот на турски Бешикташ.