Дома Топ вести Базел и Волвс се пласираа понатаму, познати сите четвртфинални парови во ЛЕ

Базел и Волвс се пласираа понатаму, познати сите четвртфинални парови во ЛЕ

Познати се сите четвртфинални парови во ЛЕ откако синоќа во Швајцарија и Англија беа одиграни последните два натпревари во осминафиналето.

Базел со минимални 1:0 го победи Ајнтрахт Франкфурт. Победникот беше одлучен во самиот финиш кога погоди Фреи и му донесе на својот тим пласман во следната рунда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Минимална победа оствари и Волвс над Олимпијакос. Англискиот тим славеше со 1:0 и благодарение на голот во гости (1:1) успеа да се пласира понатаму.

Волвс дојде во водство во 9. минута кога Раул Хименез погоди од пенал после големата грешка на гостинскиот голман.

Грчкиот тим во 29. минута успеа да изедначи на 1:1, но главниот судија по асистенција на ВАР го поништи погодокот поради офсајд.

Второто полувреме започна со иницијатива на домашниот тим, додека во финишот возвратија гостите, но на крајот резултатот остана непроменет.

Четвртфинални парови во ЛЕ:

Понеделник, 10. август, 21 часот:
Манчестер Јунајтед – Копенхаген
Интер – Баер Леверкузен

Вотрник, 11 август, 21 часот:
Шахтјор – Базел
Волвс – Севиља

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…