Дома Трансфер зона Баерн спрема три големи засилувања ова лето

Баерн спрема три големи засилувања ова лето

Баерн Минхен на крајот на сезоната спрема голема „чистка“ и ќе се ослободи од неколку првотимци.

„Билд“ ја објави ексклузивната вест и тврди дека Баварците на лето ќе ги стават на продажба Жером Ботанег, Хави Мартинез и Корентин Толисо. Притоа сигурно е дека нема да го откупи договорите на Кутињо и Перишиќ.


Германските медиуми пренесуваат дека Баварците спремаат три големи засилувања за следната сезона, а најголема желба е Лерој Сане.

„Билд“ пренесува дека минатата недела раководството на Баерн имало состанок со агентите на Германецот и трансферот е начелно договорен, а би изнесувал помеѓу 80 и 100 милиони евра.

Покрај Сане, Баерн сака да донесе и двајца дефанзивци, бидејќи тренерот Флик смета дека одбраната е најслаба точка во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…