Дома Фудбал Останато Баерн рутински против Ал Ахли за пласман во финале🎥

Баерн рутински против Ал Ахли за пласман во финале🎥

Европскиот шампион Баерн Минхен успешно го започна настапот на Светското клупско првенство и се пласираше во финалето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баварците немаа поголеми проблеми во полуфиналето и со 2:0 го совладаа тимот на Ал Ахли.

Херој за Баерн и овој пат беше првата ѕвезда на тимот, Роберт Левандовски, кој ги постигна двата гола.

Баерн одлично го отвори мечот и поведе уште во 17-та минута, кога Левандовски погоди на асистенција на Гнабри, а со тој резултат се замина на одмор.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на европскиот шампион, а конечните 2:0 повторно беа дело на Полјакот во 86-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе одбил да игра на „Бернабеу“ до крај на сезоната – позната е причината!

Килијан Мбапе се соочува со сериозни критики од дел од навивачите на Реал Мадрид, а шпанск…