Баерн Минхен поминува низ тежок период и како што стојат работите по 11 сезони доминација ќе ја изгуби титулата во Бундеслигата, а неодамна испаднаа и од Купот на Германија, додека во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите беа поразени од Лацио со 1:0.
На тренерот Томас Тухел сериозно му се „тресе столчето“, но и покрај тоа спортскиот директор на Баерн размислува и на засилувањата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот инсајдер, Николо Шира тврди дека Баерн на големо работи на доведување на францускиот играч за врска Адриен Рабио. Договорот на Рабио истекува на лето и Баерн ќе се обиде да го убеди да пристигне во нивните редови.
Шира наведува дека Баерн веќе ја контактирал мајката Вероника која е и негова менаџерка. Таа стана позната во фудбалскиот свет кога се тврдеше дека неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед му пропаднал поради нејзините барања.