Напаѓачот на Хофенхајм, Андреј Крамариќ може да направи изненадувачки трансфер во Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Баерн сакаат да доведат централен напаѓач кој ќе биде алтернатива за Левандовски, а спортскиот директор Салихамиџиќ веќе работи на трансферот на Хрватот.
Крамариќ има големо искуство во Бундеслигата и оваа сезона веќе постигна 7 гола на 3 меча, а два токму против Баерн Минхен.
„Карамариќ не би бил само идеална резерва за Левандовски, туку и алтернатива за Томас Милер. Поседува доста карактер и квалитет. Има потенцијал да игра во шампионски тим каков што е Баерн“, изјави Матеус.
Се претпоставува дека цената на трансферот ќе изнесува помеѓу 30 и 40 милиони евра.