Ѕвездата на Лајпциг, Лукас Клостерман е нова голема желба на Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми.
22-годишниот десен бек на Лајпциг моментално е повреден, но веќе се етаблираше како еден од најдобрите на таа позиција во Бундеслигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клостерман минатата сезона идигра 26 натпревари за „биковите“, притоа е капитен на младата германска репрезентација, па јасно е зошто е на мета на Баварците.
Него фудбалските експерти му предвидуваат блеската фудбалска кариера, па Баерн сака што е можно побрзо да го осигура неговиот потпис.
Моменталната вредност на младиот Германец изнесува околу 20 милиони евра, сума која Баварцвите немаат проблем да ја платат.