Баерн Минхен е во потрага по врвен напаѓач кој ќе го замени Роберт Левандовски, а најновото име на списокот е Таму Абрахам.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Aнглискиот напаѓач Абрахам направи вистински потег со трансферот во Рома затоа што ја игра сезоната на кариерата.




Минатата сезона Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови.




Најсилен интерес за Абрахам покажува Баерн Минхен, бидејќи приоритет на Баварците е врвен напаѓач.




Меѓутоа, Рома не сака да се откаже од својата ѕвезда и нема да го пушти Абрахам за понуда помала од 100 милиони евра.




Германските медиуми пренесуваат дека Баерн стапил во контакт со агентот на голгетерот и спремил понуда од 80 милиони евра.