Дома Трансфер зона Баерн Минхен пред засилување од Манчестер Сити

Баерн Минхен пред засилување од Манчестер Сити

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер постигнал вербален договор со Баерн Минхен каде што би требало да премине ова лето.

Пред крајот на сезоната се појавија шпекулации дека Вокер би можел да премине во германскиот шампион.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Трансферот се уште не е реализиран, иако наводно веќе постигнал вербален договор со клубот од Минхен. Двата клуба допрва треба да ги завршат преговорите, но засега најавите се дека не би требало да има проблем.

Сити од заминувањето на Вокер би можел да добие околу 15 милиони евра оштета за 33-годишниот фудбалер кој има уште една година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта: Одбивме 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …