Дома Македонски спорт Мак фудбал Бабунски останува во Јапонија – потпиша за Омија!

Бабунски останува во Јапонија – потпиша за Омија!

Македонскиот интернационалец Давид Бабунски останува во Јапонија и кариерата ќе ја продолжи во Омија Ардија.

Брзо по разделбата со Јокохама, Бабунски најде нов ангажман, но сега ќе настапува во втората лига на Јапонија, за тимот на Омија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Големо благодарам до раководството на клубот што ми овозможи да останам во Јапонија. Ветувам дека ќе дадам сè од себе за подобри резултати на тимот и пласман во Џеј-лигата“, изјави Бабунски.

Давид Бабунски, кој потекнува од фудбалската школа на Барселона, претходно две сезони мина во Јокохама каде пристигна од редовите на белградска Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…