Дома Топ вести Атлетико ја „украде“ големата желба на Јувентус

Атлетико ја „украде“ големата желба на Јувентус

Атлетико Мадрид постигна договор со Удинезе за ангажман на десниот бек Науел Молина, пренесуваат медиумите во Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Киеран Трипие во јануари се пресели во Њукасл, па Атлетико беше во потрага по десен бек и успеа да го договори Аргентинецот.

Молина запиша 7 гола и 5 асистенции во Серија А, што го импресионираше Диего Симеоне. Покрај тоа, Молина има и 16 натпревари за репрезентацијата на Аргентина и е меѓу играчите за кои се смета дека речиси сигурно ќе бидат во тимот за Светското првенство во Катар.

Јувентус долго време беше заинтересиран за Молина, но Атлетико успеа да ја победи конкуренцијата, а Аргентинецот во понеделник ќе пристигне во Мадрид на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…