Дома Трансфер зона Атлетико спреми 30 милиони за Андре Силва

Атлетико спреми 30 милиони за Андре Силва

Приоритет на Атлетико Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Шпанските медиуми пренесуваат дека прв на листата желби е напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Билд“ пренесува дека „јорганџиите“ го сакале Португалецот уште во зимскиот преоден рок, но Ајнтрахт не сакал да се откаже од својата ѕвезда.

Се очекува на лето Атлетико да понуди 30 милиони евра за потписот на Андре Силва, понуда која ќе го задоволи апетитите на германскиот клуб.

Андре Силва блеска оваа сезона во дресот на Ајнтрахт и веќе има постигнато 18 гола и 5 асистенции на 21 меч.

Португалецот минатото лето пристигна во Ајнтрахт од Милан во трампа со Анте Ребиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи ја сака отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Челзи се вклучи во  трката за потписот на Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица…