Дома Топ вести Атлетико и Ливерпул спремаат голема трампа

Атлетико и Ливерпул спремаат голема трампа

Атлетико Мадрид му нуди на Ливерпул трампа помеѓу двајца играчи за врска и наскоро двата клуба ќе започнат преговори, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Ливерпул е заинтересиран за Томас Парти, а Симеоне за возврат го бара потписот на Алекс Окслејд Чемберлен.

Откупната клаузула на Томас Парти е 45 милиони евра и самиот фудбалер сака да се пресели во Премиер лигата, па Атлетико сака да ја искористи ситуацијата.

Очекувањата се во овој трансфер прозорец да има многу размени и Атлетико е ориентиран токму кон таква стратегија.

Јирген Клоп многу го цени Окслејд Чемберлен, кој поради тешката повреда оваа сезона запиша само 13 меча во Премиер лигата.

Трансферната цена на двајцата фудбалери е приближна, па трампата може да се реализира кога ќе се отвори трансфер прозорец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…