Aстон Вила е заинтересирана за играчот за врска на Јувентус, Родриго Бентакур, пренесуваат островските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот од Бирмингем е активен во овој преоден рок. После ангажманот на Лук Дињ и Фелипе Кутињо Џерард сака да ја засили екипата и со Уругваецот од редовите на Јувентус.
Бентакур игра за Јувентус од летото 2017 година кога пристигна од Бока Јуниорс за сума од 15.7 милиони евра. Со Јувентус од тој период освои три Скудета, а има договор до 2024 година.
И оваа сезона Бентакур е еден од најстандардните во тимот на Масимилијано Алегри со вкупно 26 одиграни натпревари.