Дома Топ вести Асенсио дефинитивно заминува, бира меѓу Милан и Ливерпул

Асенсио дефинитивно заминува, бира меѓу Милан и Ливерпул

Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио донел конечна одлука да го напушти Реал Мадрид ова лето.

Асенсио влегува во последната година од договорот, па Реал е спремен да го продаде, бидејќи двете страни ги прекинаа преговорите за продолжување на соработката.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шпанецот исто така е спремен да ја промени средината, а има понуди од Милан и Ливерпул.

Асенсио е во потрага по клуб каде ќе има поголема минутажа, но не е сигурен дека во Ливерпул ќе има главна улога во тимот, бидејќи игра на истата позиција како Салах.

Од друга страна Милан му нуди централна улога во тимот, но помала плата од Ливерпул, па се очекува играчот во наредните денови да донесе одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи се засилува со „џин“ во одбраната

Челзи е еден од заинтересираните тимови за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …