Дома Фудбал Англија Артета: Доаѓањето на Венгер беше специјален ден, фудбалерите ништо не знаеа

Артета: Доаѓањето на Венгер беше специјален ден, фудбалерите ништо не знаеа

Арсен Венгер вчера присуствуваше на „Емирати“(тука) во натпреварот на Арсенал против против Вест Хем. За Венгер тоа беше прво појавување во домот на Арсенал по неговото заминување пред четири години.

Во медиумите не се знаеше ништо за враќањето на Венгер на стадионот каде што помина најголем дел од кариерата, а ништо не знаеле ниту фудбалерите.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Микел Артета по натпреварот откри дека фудбалерите биле пријатно изненадени. Шпанскиот стратег знаел за доаѓањето на Венгер, но не сакал да им каже.

„Никој од фудбалерите не знаеше за доаѓањето на Венгер. Се обидовме да останеме тивки на таа тема. Сакавме Арсен да ја има комоцијата која ја посакува. Ова беше сепцијален ден за сите, мнгоу сум благодарен што дојде да не гледа.

Сигурно дека додека беше на стадионот му се вратија многу спомени. Љубовта која ја доби од фановите само покажува какво значење има за овој клуб“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…