Дома Топ вести Арсенал испрати понуда за Кулушевски

Арсенал испрати понуда за Кулушевски

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски во јануари би можел да се пресели во Премиер лигата.

Имено, силен интерес за неговите услуги покажува Арсенал, кој веќе испратил прав понуда до Јувентус.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Понудата на Арсенал е тешка 30 милиони евра, плус уште 5 милиони бонуси, додека Јувентус за слободата на Кулушевски бара 10 милиони евра повеќе.

Меѓутоа, двата клуба наскоро ќе седнат на преговарачка маса, па се верува дека брзо ќе најдат заеднички јазик за трансферот, затоа што и самиот фудбалер инсистира да се пресели на „Емирати“.

21-годишниот крилен напаѓач пристигна во Јувентус за 35 милиони евра, но до сега не ги оправда во целост очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…