Арсенал и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за плејмејкерот на Вулверхемптон Рубен Невеш.
Португалецот е голема желба на тренерот Артета, кој во него гледа идеално засилување за средниот ред после заминувањето на Себаљос и Одегард.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, а Арсенал веќе ги започна преговорите.
Сега во трката за потписот на португалскиот плејмејкер се вклучи и Манчестер Јунајтед бидејќи Тен Хаг смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Од Вулверхемптон се свесни дека нема да можат да го задржат и нема да му стојат на патот, па се спремни да слушнат понуди.