Дома Трансфер зона Арсенал и Манчестер Јунајтед ја сакаат ѕвездата на Лестер

Арсенал и Манчестер Јунајтед ја сакаат ѕвездата на Лестер

Арсенал и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за плејмејкерот на Лестер и белгиски репрезентативец, Јури Тилеманс, пренесуваат медиумите на Островот.

Белгиецот влезе во последната година од договорот со Лестер и нема најави за продолжување бидејќи сака да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


24-годишниот белгиски репрезентативец ја игра четвртата сезона во Лестер и е еден од клучните фудбалери во тимот, па сака да направи чекор напред во кариерата.

„Топџиите“ бараат засилување за средниот ред, а најголема желба на Артета е токму Тилеманс и веќе неколку недели преговараат за негов ангажман.

Од друга страна Манчестер Јунајтед бара замена за Погба и во Тилеманс гледа идеален наследник за Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…