Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал ќе се обиде во јануари да ја доведе ѕвездата на Лестер, Јури Тилеманс.




Арсенал во летниот преоден рок се обиде да го доведе Тилеманс, но не можеше да постигне договор со Лестер.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Приоритет на Арсенал во зимскиот преодниот рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба на Артета е токму Тилеманс.




25-годишниот Белгиец влезе во последната година од договорот и одбива да ја продолжи соработката бидејќи сака промена на средината.




Токму тоа може да биде причината Лестер да ја прифати понудата на Арсенал бидејќи во спротивно ќе го загуби играчот без обештетување.