Дома Трансфер зона Арсенал во Португалија најде идеално засилување

Арсенал во Португалија најде идеално засилување

Арсенал покажува сериозен интерес кон играчот за врска на Гимараеш, Ибрахима Бамба, пренесуваат португалските медиуми.

Бамба претставува алтернатива за „топџиите“ доколку не успеат да го договорат трансферот на Каиседо од Брајтон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


20-годишниот репрезентативец на Брегот на слоновата коска има откупна клаузула од 26 милиони фунти, што нема да претставува проблем за англискиот клуб.

Со оглед на фактот дека Брајтон денес ја одби понудата од 70 милиони фунти за Каиседо, „топџиите“ сега ќе се насочат кон Бамба.

Ќе се обидат да го договорат трансферот до крајот на преодниот рок бидејќи за Бамба силен интерес покажува и Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…